Државниот инспекторат за труд во октомври затвори 100 фирми поради непријавени работници.
Државниот инспекторат за труд во октомври изврши вкупно 4953 инспекциски надзори од областа на работните односи и од областа на безбедноста и здравјето при работа. Државните инспектори од областа на работните односи во октомври, извршија вкупно 3388 инспекциски надзори од коишто 3037 редовни, 146 контролни и 205 надзори по писмени барања од странки. При тоа, затекнати се вкупно 292 непријавени работници.



