Со Законот за мирно решавање на работни спорови ( Сл.весни к на РМ од 04.07.2007 година) се уредуваат начинот и постапката на мирно решавање на колективните и одделни индивидуални работни спорови, изборот, правата и обврските на помирувачот и арбитрите и другите прашања од значење за мирното решавање на работните спорови.
Постапката за мирно решавање на работните спорови се покренува и се води во согласност со овој закон, ако за истиот спор не е одлучено во согласност со прописите за работните односи.



