СОС Детско село Македонија, како дел од семејството на 132 ДЕТСКИ СЕЛА во светот во рамките на интернационалната хуманитарна организација SOS KINDERDORF, веќе осма година традиционално организира продажба на новогодишни честитки, чија основна цел е поддршка на децата без родители и родителска грижа сместени во СОС Детското село во населбата Ченто во Скопје. СОС Детското село Скопје е установа за згрижување на деца без родители и родителска грижа и во моментот во него се сместени 80 деца од 4 годишна до 18 годишна возраст. Нашиот семеен пристап во СОС Детското Село се заснова на четири принципи: на секое дете потребно му е семејство, тоа расте со браќа и сестри, во сопствена куќа и во рамки на здравата и пријатна околина на селото.
Во овој период на годината организацијата СОС Детски села (SOS Kinderdorf International) организира продажба во повеќе од 100 земји и тоа е традиција која трае скоро две децении наназад.
И во Македонија, иако можеби не во толкав размер како во другите земји во светот, има традиција на честитање на новогодишните празници со испраќање на честитките од СОС Детско Село. Оваа наша активност е подржана од голем број на компании и организации како од приватниот така и од јавниот сектор. Бидејќи мотивите се деловни ги користат претежно компании, кај кои во последните 2-3 години е забележано зголемување на чувството за општествена одговорност што оди во прилог на поддршка на вакви хуманитарни активности.
Нашите клиенти или потточно поддржувачи на СОС Детското Село, новогодишните честитки најчесто ги купуваат за честитање на празниците на нивните соработници, клиенти, пријатели. Покрај нив и голем број на хумани луѓе, индивидуално ги купуваат честитките за да ги подарат на своите најблиски и со цел да дадат мала но значајна помош и подршка на СОС Детското село.
СОС ДЕТСКО СЕЛО е специфична форма за згрижување на деца која е еден позитивен пример и модел за квалитетна грижа на деца без родители и родителска грижа во светски рамки. Финансирањето на Детското село во најголема мера (93%) сеуште се одвива од страна на Интернационалната организација СОС Киндердорф која пак на глобално ниво се финансира од донации и спонзорства на интернационални компании и физички лица кои обезбедуваат континуирана подршка на илјадници деца во светот. Во правец на тоа организацијата ги поттикнува сите СОС организации да обезбедуваат и локални приходи во своите матични земји со цел подигнување на свеста кај институциите и граѓаните за потребите на овие деца во својата земја за да можат да обезбедат самоодржливост на овој успешен модел на грижа.
Сега засега, продажбата на новогоодишните честитки е најзначајниот локален извор на средства кој го потполнува буџетот на СОС семејните куќи и децата кои живеаат во нив. Тоа пред се подразбира, храна, облека, школски материјали, дополнителни воншколски активности итн.
Сакаме да им порачаме на сите компании, институции , организации и граѓани на нашата земја:
Честитајќи им ги празниците на вашите пријатели, роднини и соработници, со новогодишните честитки на СОС ДЕТСКО СЕЛО, овозможувате дом, семејна сигурност, грижа и љувов, за децата без родители и родителска грижа, кои згрижени во СОС Детското село.
Однапред им благодариме на сите хумани луѓе и поддржувачи на СОС ДЕТСКОТО СЕЛО.
www.sos.org.mk
Тел: 3290 556
Број 10
декември 2009 година

Global HR™ Awards 2010 HR Manager HR Department HR Excellence Award

















