Професионалниот стрес најчесто се одредува како повредувачки физички, емоционални реакции кои се јавуваат кога барањата на работното место не се поклопуваат со потребите и можностите на работникот или се повисоки од неговите способности. Во ситуации кога долготрајниот стрес ќе предизвика проблеми во нормалното извршување на работата, проблеми кај професионалецот во неговото секојдневно функционирање, во извршувањето на другите улоги – родителска, партнерска, станува збор за состојба наречена професионално согорување (burn-out fenomen).



