Управување со знаењето стана модерен термин во денешните организации. Тоа може да се дефинира како дисциплина која промовира интегриран пристап на идентификација, усвојување, обновување, размена и проценување на информациите со кои располага претпријатието. Информациските капацитети можат да вклучуваат бази со податоци, документи, полиси и процедури како и неусвоени, неразменети искуства поседувани од индивидуални работници.



